Денеска и утре облачно со дожд, од среда сонце

Времето денеска ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. На места, особено во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Кон крајот на денот ќе престануваат.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната од 9 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 15 степени.

Во вторник ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, а потоа во следните денови условите за нестабилност ќе се намалат. Во текот на наредната седмица утринските температури ќе бидат релативно ниски.