Денеска и утре, најдоброто од Киненова во Кинотека на Македонија

Филмовите кои ги понесоа наградите на годинешното издание на фестивалот КинеНова, но и филмови кои предизвикаа голем интерес ќе бидат репризно прикажани на 20 и 21 октомври (сабота и недела).

Вечерва (21 октомври) во 20 часот ќе биде прикажан контроверзниот „Блискост“ на рускиот режисер Кантемир Балагов, кој ги доби наградите за најдобар филм, најдобро сценарио и најдобра режија. Филмот за кој во Русија се вели дека „не е баш добро да се прикажува, но кога веќе мора, тоа нека биде без голема помпа“.

В недела, пак, ќе има двојно кино-задоволство: од 18 часот е филмот од перуанската кинематографија, наградуваниот „Ретабло“ на авторот Алваро Делгадо Апарисио. Приказна која не носи на прекрасните Анди и низ визуелно супериорен пејзаж ни раскажува за малите луѓе, кои секогаш со себе носат неоткриени тајни.

Во 20 часот, пак, е филмот „Ага“ на Милко Лазаров.