Денеска и утре ќе се одвиваат поголеми градежни активности на улицата „Њуделхиска“, со цел нејзина целосна реконструкција

Од Општина Карпош известуваат дека денеска и утре ќе се одвиваат поголеми градежни активности на улицата „Њуделхиска“, со цел нејзина целосна реконструкција.

За непречено одвивање на активностите – гребење на асфалтот, потребно е да се отстранат возилата кои се паркирани долж улицата „Њуделхиска“, во периодот од 09:00 часот до 15:30 часот.