Денеска и утре бесплатно паркирање во Центар

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ги известува граѓаните дека за време на претстојните празници, 24 Мај (четврток) –  Денот на сесловенските просветители, и 25 мај  – Духовден, паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието ќе бидат бесплатни.

Редовната наплата за паркирање и издавање договори во дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 26 мај (сабота) со вообичаеното работно време.