
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а в долж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните делови ќе има услови за локален слаб дожд, информираа утрово од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје ќе преовладува сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Според метеопрогнозите, од вторник во земјава ќе преовладува стабилно време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината.