Денеска горивата во Македонија ќе добијат нова цена

По Божиќ нова цена на горивата во Македонија. Регулаторна Комисија за енергетика ќе ја донесе денеска, две недели по последната одлука.

Горивата со последната одлука поскапеа за половина денар по литар, па така малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е  66,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98  68,00 ден/лит.

По последното зголемување на цената на дизелот од 1 јануари таа се зголемува за 3,5 денари поради воведувањето на повисоката акциза за нафтата.

Така новата цена на Еуродизелот на 1 јануари изнесува 58,5 денари за литар. 

Останува да ја видиме новата цена.