Денес се празнува Светскиот ден на прегратката, неофицијален празник кој започнал да се одбележува во САД во 1986 година, а денес е прифатен од многу држави низ светот.
Датумот 21 јануари бил избран бидејќи е на средината помеѓу Божиќ (католички) и Св. Валентин, кога се смета дека луѓето се подепресивни и емотивно истоштени.
Во време на пандемиската дистанцираност особено ни недостасуваат прегратките како позитивна и топла форма на комуникација за испраќање на пораки за љубов, грижа, пријателство, утеха, поддршка, благодарност...
Секоја прегратка е различна – вклучува различни дози допири и поттикнува неповторливи емоции.
Фотографијата погоре е сликата со наслов Мајка и дете, 1894, масло на платно од Влахо Буковац, инаку дел од колекцијата на Националната галерија.