Денеска е Раѓање на св. Јован Крстител - Иванден

На свети Јован Крстител црквата му посвети неколку празници, и тоа не случајно.

Овој светител беше наречен најголем меѓу родените од жена, со што е потврдено неговото посебно место во човечката историја. Тој, за¬едно со пресветата Дева која ни го роди Бога е врската на стариот и нови¬от свет, врската на Стариот и Новиот завет.

Инаку, денес се празнува почетокот на благовеста за Христос, со што се определува и посебната врска меѓу Синот Божји и последниот пророк на Стариот завет. За тоа зборуваат стиховите од тропарот, кои гласат: се разреши немоста на татковците, т.е. почна непосредната проповед за Христовото доаѓање.