Денеска е петок 13-ти - Македонците се суеверни луѓе, се уште се плашат од овој „црн ден“

Денес е петок 13ти. Стравот од овoj датум се уште е актуелен. Познато е дека Македонците се суеверни луѓе, па така и му се дава значење на овој ден.

Дали се плашите од денот петок 13? Доколку одговорите со „да“, знајте дека не сте единствени. Експертите велат дека повеќе од 20 милиони луѓе се плашат од овој таканаречен несреќен ден. Психолозите, пак, велат дека луѓето често се обидуваат, на секаков начин,  да го избегнат овој ден.

Луѓето се служат со разни „техники“ со цел да го заобиколат петок 13. На овој ден тие не одат на работа, не трошат пари, не донесуваат големи одлуки, не купуваат куќи, не стапуваат во бракови, не одат да јадат во ресторани. Па, сето тоа, ако ништо друго, резултира со пад на светската економија на дневно ниво. Последната статистика направена врз американската популација вели дека петок 13 ги чини од 800 до 900 милиони долари.

Самиот број 13 луѓето го сметаат за несреќен, а тоа се одразува во културите на многу држави. Многу хотели и станбени згради немаат 13 кат. Докторите велат дека соочувањето на стравот со петок 13 кај некои луѓе може да биде клучно во споредбата со тоа како истите се соочуваат со другите секојдневни стресни ситуации.

Веројатно е овие луѓе да се малку поанксиозни отколку просечните луѓе. Исто така, оваа состојба може да ни го објасни фактот што точно тие прават кога се анксиозни.  Се смета дека луѓето кои се загрижени во очекувањето на еден ден како што е петок 13 или број како што е 13, можат да бидат анксиозни во врска со многу работи кои секојдневно ги опкружуваат. Докторите велат дека тие постојано ќе се обидуваат да ги заобиколуваат сите работи кои тие сметаат дека ги прават анксиозни.

Од друга страна, пак, постојат и луѓе за кои петок 13 претставува среќен ден, а 13 среќен број. Сеедно, како и да е, потрудете повеќе да верувате во себе отколку во суеверија.

Еве неколку од интересните приказни во историјата кои се случиле токму на петок 13ти:

1. Се смета дека Ева му го понудила јаболкото на Адам во петок, и дека смртта на Абел била токму во петок.

2. На тајната вечера присуствувале 13 луѓе — Исус и 12-те апостоли. И до ден денес кај многу народи сè уште постои суеверието дека 13 души не треба да седат на едно исто место односно на иста маса. Предавникот Јуда дошол последен на тајната вечера и прв си отишол. Други сметаат дека Исус Христос е распнат токму на денот петок.

3. Според некои, петок 13 се должи на еден древен скандинавски мит, според кој 12 богови празнувале во Валхала, домот на богот Один. Богот на злото и оганот Локи кој не бил поканет, наеднаш се појавил во домот на Один и го убил богот на радоста Балдер. Земјата веднаш потонала во мрак.

4. Во древен Рим магионичарите се собирале во групи од по 12 луѓе. Се верувало дека тринаесеттиот во групата бил самиот ѓавол.

5. Според нумеролозите бројката 13 „страда“ поради неговата позиција после бројот 12. Така на пример постојат 12 месеци во годината, 12 хороскопски знаци, 12 богови на Олимп, 12 племиња на Израел, 12 апостоли на Исус. Во картите Тарот 13-та е картата на смртта.

6. Петок заедно со бројот 13 биле свети за норвешката богиња Фреја. Христијаните кои имале за цел да го забранат нејзиниот култ, верувале дека овој ден претставува несреќа.

7. Темпларите биле уапсени во Петок, 13ти Октомври, 1307та година. Дека ова претставува потекло за суеверието во петок 13ти се зборуваше и во познатото дело Кодот на Да Винчи.

8. Уругвајскиот рагби тим се срушил на планинаскиот венец на Андите на петок 13ти – октомври, 1972. 

9. 13ти јануари, 2006, 13ти октомври, 2006 и 13ти Мај, 2011та година не само што се петоци, туку и бројките од денот, месецот и годината даваат збир од 13.

И можеби најзастрашувачката  приказна која допрва ќе ја дочекаме и која ќе се раскажува:

- Според најновите истражувања астероидот Апофилис ќе се приближи на земјата во петок, 13ти Април, 2029та година.

Останати факти:

Повеќе од 80% од високите згради немаат 13-ти спрат.

Многу авиони го пропуштаат својот лет на 13-ти, посебно во петок.

Во Формула 1 на пример не постои болид со бројот 13.

Улиците во Фиренца го испуштаат бројот 13.

На 13 април 1970 година експлозија на кислороден резервар ги променува плановите на Аполо 13 за лет кон Месечината. Часот на поаѓање на Аполо 13 е 13:13 според американско време.

Имињата на некои од најпознатите сериски убијци содржаат по 13 букви: Jack the Ripper, John Wayne Gacy, Charles Manson, Jeffrey Dahmer, Theodore (Ted) Bundy.