Денеска е доделувањето на наградите за младинско учество

По повод Меѓународниот ден на младите – 12 Август, Агенција за млади и спорт и Националниот младински совет на Македонија – НМСМ ќе доделат награди за младинско учество. Наградите ќе бидат доделени вечер, во 19 часот, во претседателската вила на Водно.

Оваа година ќе бидат доделени награди во три категории индивидуална, категорија за неформални групи на млади и категорија младински организации, организации за млади и младински чадор организации.

На доделувањето на наградите, како што е најавено, ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски и претседателката на Националниот младински совет на Македонија – Марија Крстевска.

По доделување на наградите ќе се организира забава за младите во „Јавна Соба“, со почеток од 20 часот. Ќе настапат повеќе музички бендови и диџеи.