Денеска блокада на улица во Ѓорче Петров - СТОП ЗА ДИВОГРАДБИТЕ

Жителите на Ѓорче Петров најавија мирен протест за денеска од 12 до 16 часот, на улицата Радушка, за нејзина одбрана од масовното градење. 

Од граѓанското неформално здружение „Иницијатива против урбаното дивеење“ сметаат дека оваа улица може да се нарече и „Дивоградба“, со оглед на тоа колку се гради околу истата. 

Тие најавуваат дека протестите ќе траат додека не наидат на слух од надлежните и да се спречи ваквото градење на територија на општината.