Денеска без вода неколку институции во Скопје

ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје известува дека денеска без вода ќе бидат корисниците на улицата „Христо Батанџиев“ и објектите на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, ЕВН и Царинска Управа.

Поради технички зафат во пумпната станица на улица „Христо Батанџиев“ бб, во општина Ѓорче Петров, денеска од 11:45 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од таа улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:45 часот до завршување со работните активности

Поради уличен дефект ф-150 мм на улицата „Лазар Личеноски“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на ЈП Водовод и канализација-Скопје, ЕВН и Царинска Управа.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:30 часот до завршување со санација на дефектот.