Денеска без вода корисниците од неколку делови од Центар

ЈП Водовод и канализација најавува дека од утрово, па се додека дефектот да биде среден, без вода ќе биде улица од Центар.

„Ве известуваме дека на ден 24.08.2021 г. дефект на приклучна цевка ф-2“ на ул. Црвена Вода 11, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од  09:00 часот до завршување со санација на дефектот“, се вели во нивната најава..

Исто така, на ден 24.08.2021 г, поради уличен дефект на водоводна мрежа Ф 80мм на бул. Илинден бб (во круг на Ј.П. Паркови и Зеленило) н.Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Ј.П. Паркови и Зеленило и околните куќи до завршување.