Денеска без вода делови од општина Центар


Заради отстранување дефект на водоводна  цевка со пречник  ¾ цол на улицата „Христо Смирненски“ бр. 32 денеска без вода ќе останат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата „Борка Талевски“ во општина Центар.

Прекинот во водоснабдувањето ќе почне од 8 часот, а ќе трае до завршување на интервенцијата, соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје.