Денеска без вода делови од Кисела Вода

Прекин на водоснабдувањето денеска ќе имаат дел од корисниците од општина Кисела Вода. Поради дефект на приклучна цевка на булевар „Борис Трајковски“ бб, без вода од 9.20 часот ќе бидат корисниците на старата мрежа од улиците „Јабланица“, „Саса“ и дел од булеварот „Борис Трајковски“.

Прекинато водоснабдување од 9.25 ќе имаат корисниците од улиците „Кавалска“, „Пржино“, „Баница“, дел од „Востаничка“ и дел од улица „Благоја Гојан“. Прекин на водоснабдувањето ќе има поради дефет на затворач ф-150 на крстосницата „Востаничка“ со „Св. Наум Охридски“.