Денеска без вода дел од Бардовци

Поради реконструкција на водоводна мрежа на улица 10/бб во Бардовци, дел од населбата денеска ќе биде без вода, информираат од ЈП „Водовод и Канализација" – Скопје.

Со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улица 4 и улица 10 и истото ќе трае до завршување со активностите.