
Поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат корисници на повеќе локации во Скопје и скопскиот регион.
Планираните прекини се дел од активности за одржување и унапредување на мрежата.
Граѓаните од овие подрачја треба навреме да ги планираат активностите во текот на денот.
ЕВН информира дека планираните зафати се најавуваат однапред и опфаќаат интервенции, одржување и инвестиции во дистрибутивната мрежа.