Денеска без струја неколку улици од Општина Илинден

Корисниците на село Кадино, Општина Илинден, лоцирани на улиците „Новопланирана“ – „1“, „3“ и „11“, денеска од 8:00 до 14:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 5:30 до 13:00 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Мост Илинден“ на потегот од училиштето до Општина Илинден.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.