Денеска без струја неколку скопски општини

Во периодот од 9 до 10 часот корисниците од булеварот Партизански одреди, зграда бр. 80, влез 2 во општина Карпош денеска ќе бидат без струја.

-Во периодот од 8.30 до 15 часот корисниците од улицата Загрепска во општина Центар;

-Во периодот од 8.30 до 11.30 часот корисниците на дел од улицата Васил Ѓоргов, поточно сите непарни броеви од број 9 до број 23 во општина Центар;

-Во периодот од 9 до 17.30 часот корисниците на село Долно Количани во општина Студеничани; и

-Во периодот од 9 до 12 часот корисниците од улицата Манчу Матак во општина Ѓорче Петров.