Денеска без струја една улица од Центар и делови од Ѓорче Петров и Сарај

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија денеска ќе останат следните корисници:

-од 08:00 до 12:00 часот, корисниците од ул. Серска. (општина Центар)

-од 09:30 до 13:30 часот, корисниците од с.Орман и с.Никиштани (општина Ѓорче Петров)

-од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од с. Рашче, с. Бојане, с. Копаница и дел од с. Кондово. (општина Сарај)