Денеска без струја две улици од Карпош и дел од Сарај

Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска во периодот од 09 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од улица „Леринска“ и „Загребска“, во општина Карпош.

Во периодот од 09 до 11 часот, електроснабдувањето ќе биде прекинато и за корисниците на ,,Млекара“ бензиска пумпа – Сарај, стопански објекти „Адеми Иљаз“, „Ислам Абази“, во општина Сарај.