Денеска без струја делови од повеќе скопски општини

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје,  по добиеното известување од ЕВН,  ги известува граѓаните дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија денеска ќе останат следните корисници:

-од 07:45 до 15:30 часот,   корисниците од селата: Страчинци, Виниче,  Црешево и Булачани.(Општина Гази Баба)

-од 08:00 до 11:30 часот,   дел  од с. Сопиште. (Општина Сопиште)  

-од 09:00 до 10:00 часот,  корисниците од  селата: Арнакија, Буковиќ, Ласкарци, Семениште, Раовиќ и Паничари. (Општина Сарај)

-од 09:00 до 13:00 часот,   корисниците од  дел од с. Орешани. (Општина Зелениково)

-од 09:00 до 13:00 часот,   корисниците од ул.3 во  с. Горно Соње. (Општина Сопиште)

-од 09:30 до 14:30 часот,  корисниците од   селата: Букович, Семениште, Раович, Чајлане, Ласкарци и Паничари. (Општина Сарај)

-од 09:00 до 14:00 часот,  корисниците од Бул.Партизански Одреди зграда бр. 66 и објектите во околината. (Општина Карпош)