Денеска без струја делови од неколку скопски општини

Денеска поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе бидат: 

-од 08:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Македонија (делот од Рекорд до ресторан Пелистер)

-од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од селата: Побожје и Кучевиште (Општина Чучер Сандево)

-од 12:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Марко Орешковиќ непарни броеви од 59-71, ул. Димо Хаџи Димов непарни броеви од 177 – 181 и ул. Димо Хаџи Димов парни броеви 134 - 152 (Општина Кисела Вода)