Денеска без струја дел од Центар, утре повеќе делови од Скопје

Заради изведување технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре од 7:30 до 9:30 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од ТЦ „Беверли Хилс“ во општина Центар, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Во четврток без струја од 4:00 до 5:30 часот ќе бидат корисниците од населбата Шуто Оризари, во општина Шуто Оризари, населбите Топаана, Чаир и Топаанско Поле во општина Чаир, како и населбата Скопје-Север, Бутел 1, Бутел 2, Расадник, Кучевишка Бара, Визбегово и Индустриска зона – Визбегово во општина Бутел. Од 7:45 до 9:15 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. „Петар Манџуков“ од бр. 50 до бр. 280 во општина Бутел.

Од 8:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Хусеин Бајрам“ и ул. 165 во населба Крњево во општина Центар, а од 8:10 до 14:30 часот, корисниците од селата Паничари, Ласкарци, Буковиќ и Раовиќ во општина Сарај.