Денеска без струја дел од Аеродром, Сарај и две села од Студеничани

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 18.10.2021 година (понеделник) без електрична енергија ќе останат: 

- во периодот од 08.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од село Морани. (општина Студеничани)

- во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од село Шишево. (општина Сарај)

- во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од село Долно Количани. (општина Студеничани)

- во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул.20 и ул.22 во село Долно Лисиче, како и корисниците лоцирани во близина на гробиштата во село Долно Лисиче. (општина Аеродром)