Денеска без струја дел од Аеродром и неколку улици од Карпош

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска (петок) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 07.30 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Лисец лоцирани околу игралиштето во село Горно Лисиче (општина Аеродром)

- во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Бриселска (општина Карпош)

- во периодот од 09.25 до 14.00 часот, корисниците од ул. Вич бр.26 и бр.28, како и корисниците од ул. Разловечко Востание – трговските дуќани, како и корисниците од околните броеви (општина Карпош)

- во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Ацо Шопов бр.56 и бр.56А, како и корисниците од ул.1606 бр.4 – зградата на фабрика Карпош – Атрија (општина Карпош)