Денеска во земјава ќе преволадува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Во текот ноќта ќе има услови за локален дожд.
Утринските температури се движат во интервалот меѓу 7 и 17, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат од 20 до 30 Целзиусови степени.
И во Скопје и во околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Максималната температура до 28 степени.