Денеска Бетмен и Супермен ќе им делат подароци на децата во Детската клиника

Денеска еден прекрасен тим ќе се обиде да им ја врати насмевката на лицата кои се хоспитализирани на Детската клиника. Тимот за спасувања на планина на Црвениот Крст на Град Скопје ќе дели им дели подароци.

Тие ќе бидаат облечени во костуми на детските херои Бетмен и Супермен и ќе се спуштат од кровот на Детската клиника со јажиња.

Целта за ова е, да им се олесни престојот и тежината која што ја носаат на своите плешки, и тие и нивните семејства.