Денеска бесплатно паркирање во Центар

Денеска паркингот во Центар не се наплаќа.

ЈП Паркинзи на Општина Центар ги известува граѓаните дека за време на празникот на „Духовден“, граѓаните ќе може бесплатно да ги паркираат своите возила на паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието, информираат од Центар.

Бесплатен паркинг имаше и вчера, по повод празникот Св.Кирил и Методиј.

Паркингот ќе започне да се плаќа веќе од сабота.