Денеска бесплатни паркиралиштата со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“

По повод државниот празник „Св. Климент Охридски“, од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, информираат дека во текот на денешниот ден (четврток), паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието, се бесплатни за сите граѓани.

-Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 9.12.2022 година (петок) со вообичаено работно време - соопштија од претпријатието.