По повод денешниот државен празник „Ден на народното востание“ од „Паркинзи на општина Центар“ известуваат дека денеска (11.10.2024 година-петок) паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за сите граѓани, освен паркиралиштето Дилајла со автоматска наплата.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 12.10.2024 година (сабота) со вообичаено работно време.
ЈСП Скопје ги известува своите патници дека по повод државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание, за време на трите дена од продолжениот викенд (11.10.2024 година – 13.10.2024 година) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
На 11.10.2024 година (петок) и 13.10.2024 година (недела), дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација (кои ќе работат од 8 до 14 часот) на:
– Транспортен центар;
– Ѓорче Петров; и
– Зелен пазар.
Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-18 часот, при што од 17-17:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу.