Денеска 50-та изведба на „Снежана и седумте џуџиња“ во Драмски театар

Денеска на сцената на Драмски театар Скопје ќе биде прикажана 50-та изведба на претствата „Снежна и седумте џуџиња“ во режија на Димче Николовски.

„Досега 11. 091 дете ја гледало нашата „Снежана и седумте џуџиња“. Денешната изведба (18.12.2018) на претставата „Снежана и седумте џуџиња“ ќе биде 50та по ред. Се надеваме дека ќе продолжи да ги радува детските срца, но пред се да ги заинтересира за театарска уметност воопшто“ велат од Драмски театар.

Претставата „Снежана и седумте џуџиња“ е по драматизација на Александра Бошковска, а во режија на Димче Николовски. Во останатиот дел од авторскиот тим учествуваат Сергеј Светозарев како сценограф, Лира Грабул како костимограф, Димитар Андоновски како автор на музиката, додека улогите ги толкуваат: Александра Павлова, Трајанка Илиева-Вељиќ, Калина Наумовска, Златко Митрески, Александар Степанулески, Димитрија Доксевски, Мартин Минговски, Дритон Вејсели, а џуџињата ги толкуваат: Соња Стамболџиоска, Сања Арсовска, Игор Георгиев, Благица Димитровска, Емилија Мицевска, Бобан Алексоски, Дарко Карбески, Марко Илиќ.

Премиерата на претставата беше на 27 март 2016 година.