Денешните деца не се свесни што се 500 денари

Во мое време во град одевме со 100 денари па со другарите се крпевме кој повеќе има ќе му даде на тој што му треба...Дојде време каде моите деца не се задовлни ни со 500 денари.

Пред некој ден мојата ќерка ми вели, тато дај ми петстотче излагам со другарките на кафе.

Останав занемен: Чекај малку, па на кого му требаат 500 денари за на кафе да оди.

-Е тато пак ќе ми каже дека во твое време сте излагел со 100, 200 денари..Ќе одам и ќе се вратам со такси, кафето и сокот ќе ме чинат 160 денари, и плус ако другарките сакаат да седнат на сладолет, бургери ќе мора да ми се најде некоја паричка в џеб за да не се срамам.

Ја погледнав и си помислив не си виновна ти, виновни се родителите на твоите другари кои сметаат дека љубовта се искажува преку пари.

Замислен и реков: Слушај ќеркичке на тато не е лошо да пробаш да одиш со 24-ка до Карпош наместо 300 денари да дадеш за такси нели? Нема да ти се сруши гордоста, а и пари  ќе ти останат друга работа, можеш сок да нарачаш наместо кафе. Јас во моментов в џеб имам само 300 денари кои ги планирав за да купам леб и нешто за денес, но тебе ќе ти ги дадам...Мораш да сфатиш дека во животот луѓето не се мерат според тоа колку имаат и колку ќе потрошат, ќе се научиш да го цениш секој денар..

И ги подадов парите ме погледна тажно, замислено ме гушна се облече и замина...Останв тажен со мислата, а што ќе правам кога ќе почне да ми бара пари за летување, скапи патики, колку пари ќе треба да ѝ даваме тогаш...