Денес свежо од сабота повторно повисоки температури

Времето во земјава ќе биде променливо облачно, со локални врнежи од дожд и грмежи, претежно во јужните делови. Ќе биде значително посвежо и ветровито со умерен до засилен северен ветер. УВ=7

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната температура ќе се движи од 22 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. УВ=7

Утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната температура до 28 степени.

Во петок се уште ќе има услови за локален дожд. Од сабота следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата.