Денес сончево со ниски утрински температури, од утре следат промени

Времето денеска ќе биде сончево со ниски утрински температури кои ќе се спуштат до четвртиот степен, а максималната температура ќе достигне до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец и дневна температура до 23 Целзиусови степени. Маврово 16, Охрид 21, Битола 22, Крива Паланка 20, Берово 19, Кавадарци 24, Дојран 26.

Од понеделник, синоптичарите најавуваат врнежи од дожд во попладневните часови најпрвин во западните делови кои во текот на ноќта ќе се прошират и во останатите делови од државата.

Во вторник ќе биде нестабилно и врнежите наместа ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Во овие денови ќе дува умерен до засилен јужен ветер.