Денес сончево со мала облачност и температура на рана есен - еве какво ќе биде утре

Времето во Македонија денеска претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, а максималните дневни температури ќе се движат од 16 до 23 степени Целзиусови.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината со слаба маглa. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 20 степени Целзиусови.

Утре претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 17 до 23 Целзиусови степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.