Денес сончево и топло време, од вторник нов температурен шок

Уживајте во сончевото време кое го носи вториот ден од викендов зошто од вторник ќе се случат временски промени.

Денеска во земјава  времето ќе биде сончево и потопло. Се очекува да дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Утринските температури на места ќе се спуштат под и околу нулата, а дневните ќе бидат во пораст. Минималната температура ќе се движи од минус пет до три степени, а дневната од 14 до 24 степени.

Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.