Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 22 степени, а дневната од 26 до 36 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 19 степени, а дневната до 33 степени.
Од утре не очекува постабилен и не особено топол период со дневни температури кои на југоистокот ќе достигнуваат над 36 степени. Повторно нестабилно ќе биде кон средината на работната неделата.