Денес сончево и многу топло

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Дневната температура ќе се движи од 20 до 29 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе се искачи до 28 степени.