Денес со чартер Македонија патува за Арбервил

Според однапред зацртаниот план македонската ракометна репрезентација денеска во 11.30 часот со чартер лет кој нема да трае подолго од еден час од Мец ќе отпатува за Албервил, каде в сабота од 16.00 часот ќе го одигра натпреварот од осминафиналето со Норвешка.

Овој дуел е историска шанса за наше прво четвртфинале на Светските првенства, откако претходно пречесто сме паѓале на осминафиналниот тест. За официјален термин вчеравечер беше утврден 16 часот во сабота, кога избраниците на Лино Червар ќе истрчаат во арената во Албервил против селекцијата на Норвешка.

Исто така денес со магнетна резонанца ќе биде утврдена сериозноста на повредите на Миркуловски и Манасков, иако таа на средниот бек загрижува. Денес и „Фалангата“ со автобус ќе замине за Албервил, каде ќе дојдат нови наши навивачи во обид да испишеме нова историја.

cheap nike free run 5.0