Денес сите на стадион: Да му дадеме поддршка на ФК Вардар!

Вардар денес има важен натпревар во Првата македонска фудбалска лига. Македонскиот фудбалски шампион денеска во 14 часот го игра дерби дуелот против Шкендија, меч кој што е од големо значење. 

Ги повикуваме сите љубители на фудбалот, сите оние кои го сакаат Вардар и оние неутрални љубители на фудбалот да дојдат денес на стадионот и да уживаат во дерби натпреварот, да уживаат во играта и настапот на шампионот Вардар.

Билетарницата на северната трибина ќе работии и денес од 9 до 13:45 часот, односно на 15 минути пред почетокот на дуелот. Набавете влезница и повелете на трибините на Арената „Филип Втори“. 

Воедно уште еднаш Ве информираме дека од безбедностни причини и согласно договорот од состанокот помеѓу двата тима и претставници од МВР и ФФМ од пред неколку дена, нема да биде дозволен влез на симпатизери и навивачи на гостинската екипа, на тимот на Шкендија.

ФК Вардар ја поддржува кампањата против национализам и расизам на фудбалските терени, и од тука испраќаме уште еден апел за фер и за коректно навивање од трибините. Со таква поддршка да му помогнеме на нашиот тим да дојде до трите бода, и на крајот заедно да прославиме уште една победа.