
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска ќе ја отвори новата детска градинка „Пролет“, изградена по најсовремени стандарди, најавуваат од Општината.
Градинката Пролет е прва во населбата Пролет и прва по 50 години во општината. Истата е енергетски ефикасна и модерна која треба да обезбеди опфат на 173 деца, сместени во 9 занимални. Градинката ќе располага со лифт и надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попречености
Градинката се наоѓа на улицата „Мирче Ацев“ бр. 102 во населбата Пролет со вкупна бруто површина од 3.276 метри квадратни. Нејзината изградба започна во 2022 година и е целосно финансирана од буџетот на Општина Центар во висина од 2.5 милиони евра.