
Променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималните двени температури низ државата ќе бидат во интервал од 12 до 19 степени Целзиусови
Во Скопје, променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 17 степени.
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Денеска и утре, утринската температура наместа ќе се спушти под нула и ќе има појава на утрински мразеви. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието.
Од сабота ќе дува југоисточен ветер, кој в понеделник и вторник ќе достигнува брзина од 60 km/h. Ноќта од петок кон сабота ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Во вторник во западните делови и в среда на повеќе места ќе има локален дожд и појава на грмежи.