Денес променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, од наредната недела промени

Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, особено попладне во западните и јужните делови.

Утринската температура ќе се движи од два до девет степени, а дневната температура од девет до 19 степени.

До вторник ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, а во попладневните часови процесите локално ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од среда условите за нестабилност ќе се намалат, па ќе преовладува посончево и потопло време.