Денес почнува „PIN MUSIC Conference & Showcase 2022“

Денеска почнува „PIN MUSIC Conference & Showcase 2022“, во чии рамки се очекуваат повеќе од 250 гости: едни од најрелевантните имиња во музичката индустрија (букери, промотери, новинари, агенти) и на најактуелните музички таленти од Европа, регионот и од кај нас, информираат од Младинскиот Културен Центар, Скопје. 

-Во текот на трите фестивалски дена од 24 до 26 ноември, сите посетители ќе имаат шанса да ја проследат дневната панел програма во Кино Фросина, каде ќе се дискутира на топ теми во индустријата, трендови поврзани со музичката сцена, продукцијата, културата и влијанијата врз истата, а во текот на вечерните музики "шоукејс" настани - се очекуваат концерти на повеќе од 50 музички артисти низ цело МКЦ! - порачаа од МКЦ.