Денес облачно со сончеви периоди, од утре најави за дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од рано наутро со врнежи од дожд, на планините на запад со снег.

Преку денот ќе има сончеви периоди, а кон крајот на денот повремен дожд ќе има на југоистокот и крајниот запад од земјата. Ќе дува умерен југоисточен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 1 до 8 степени, а дневните ќе достигнат температура од максимални 14 степени. Во Скопје слично време со максимална дневна температура до 10 степени.

За утре понеделник метеоролозите најавуваат облачно време со врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег, а понекаде на западот краткотрајно ќе проејува снег и на повисоките места.