Денес облачно со повремени локални врнежи од дожд, од утре стабилизација

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен северен ветер, особено во источните делови. Утринската температура ќе се движи од 6 до 12, а дневната ќе достигне од 15 до 23 степени.

Во Скопје, според УХМР, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со засилен северен ветер. Попладне ќе има услови за повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 21 степен.

Во понеделник ќе продолжи да дува засилен северен ветер. Потоа ќе настапи стабилизирање на времето, освен во среда, кога повторно ќе има услови за локални врнежи од дожд.