Денес немам време за негативност

 

Денеска немам време за негативност.

Овој ден денес е единствен и никогаш нема и не може да се врати

Денеска немам време за негативност.

Затоа ќе размислувам за целите што сакам да ги постигнам бидејќи тие му ја даваат таа смисла на животот.

Денеска немам време за негативност.

Затоа ќе се фокусирам на она што можам да го променам во себе, а не на она што сакам да го променам кај некој друг.

Денеска немам време за негативност.

Но, нема да ја закопам главата во песок игнорирајќи ги проблемите со кои наидувам.

Денеска немам време за негативност.

Затоа што со неа стресот влегува во мојот живот, а стресот ми е преголем луксуз.

Денеска немам време за негативност.

Затоа што имам премногу соништа кои сакам да ги живеам, па зошто да си одам од нив.

Денеска немам време за негативност.

Затоа што среќата доаѓа одвнатре, а изборот на негативност значи избор на несреќа.

Денеска немам време за негативност.

Бидејќи сè во нашиот живот е со причина - и добро и лошо, па зошто да се грижите.

Денеска немам време за негативност.

Затоа што сакам да им простам на сите луѓе кои ме повредија, заради мојот мир.

Денеска немам време за негативност.

Затоа што научив дека животот е полн со подеми и падови и треба да се прифати како таков.

Марио Жувела