Денес ми е потребен некој кој ќе ми помогне да го носам товарот на моите стравови.
Денес ми е потребен некој кој е подготвен да се стави во моја кожа и да ги носи моите чевли и да оди во нив, за макар на миг да ја почувствува мојата тага.
Денес ми е потребен некој кој може да го чуе тивкиот шепот на мојата душа и мелодијата на моето срце.
Денес ми е потребен некој кој може да ме погледне низ очите на срцето.
Денес ми е потребен некој кој цврсто ќе ме прегрне и ќе молчи заедно со мене.
Денес ми е потребен некој ќе ми донесе спокој и надеж.
Денес ми е потребен некој кој ќе ме обвие со љубов...