Денес, љубовта нека ви биде единствената мисла.
Ова сонце нека ве потсеќа на неа и нека ви донесе насмевка на лицето.
Силата на магичното „Те сакам“ нека ви биде единственото нешто што ве интересира во животот.
Вечен е циклусот на енергијата, а Љубовта опфаќа сѐ и обединува сѐ.
Сопственото надоградување не е ништо друго освен откривање на својот удел и своето присуство во процесот.
Тогаш, љубовта објаснува сѐ, сѐ прима и не прашува од каде доаѓа тоа, зошто доаѓа и како доаѓа.
Љубовта во тебе е Љубов во мене, а сето тоа заедно е вистинска Слобода.